Конечно откриена причината зошто пропадна првиот брак на Меган Маркл

Долгоочекуваните мемоари за Меган Маркл и принцот Хари конечно го дочекаа светлото на денот, а со нив во јавноста пристигнаа и непознати детали од нивниот живот. Првиот брак на Меган Маркл е окончан откако поранешната актерка стана позната.

Многумина се изненадени што воопшто има информации за нејзиниот живот пред да стане дел од кралското семејство, односно за пропаднатиот брак со американскиот филмски продуцент Тревор Енглесон (43).

Сега е откриена причината за тој брак. Авторите на мемоарите тврдат дека тој однос е окончан зашто Тревар сакал Меган да биде финансиски зависна од него.

Како што пишуваат авторите, на Енгелсон не му се допаѓал тоа што Меган станала славна благодарение на улогата во серијата „Suits“ (Одела), и оти славата ја удрила во глава.

 

Тогаш 23-годишната Меган се вљубила во Тревор откако холивудски репортер во 2009 го ставил на листата на топ 35 продуценти помлади од 35 години. Тогаш неговата кариера била во полн залет.

Иако во врска беа седум години, нивниот брак траел само две години, од 2011 до 2013 година. Љубовта пукнала по нејзината улога во споменатата серија.

-Во времето кога бевме во врска, Меган на најблиските пријатели им откри дека Тревор не ја поддржува нејзината актерска кариера. Се чувствуваше како да му се допаѓа што таа е зависна од него и тоа е вистината за нивниот однос, открил близок пријател на Меган и додал:

„Тревор беше подоминантен во врската. Му се допаѓаше тоа што заработува, па единствено преку него Меган може да стигне до нови познанства во филмската индустрија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа