Апелацискиот суд во Словачка денеска ја потврди затворската казна од 21 година за Јурај Цинтула, кој во мај 2024 година се обиде да изврши атентат врз премиерот Роберт Фицо. Со оваа одлука пресудата станува конечна, а Цинтула е прогласен за виновен за извршување терористички напад.
Судот ја коригираше правната квалификација на првостепениот суд, нагласувајќи дека нападот не бил насочен кон Фицо како поединец, туку како кон прв човек на Владата чии политики напаѓачот не ги поддржувал.
За време на судскиот процес, Цинтула се бранеше дека немал намера да го убие премиерот, туку само да го спречи во вршењето на функцијата.
„Обвинетиот тврдеше дека немал намера да го дестабилизира словачкиот уставен поредок ниту извршната власт“, пренесуваат словачките медиуми за жалбата која беше одбиена.
Нападот се случи во мај минатата година во Хандлова, кога Цинтула со легално поседувано оружје испука пет куршуми кон Фицо, нанесувајќи му тешки телесни повреди.


