Кон: Белград е епидемиолошка бомба, вирусот слободно се шири меѓу народот

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде коронавирусот може нагло да почне да се пренесува.

Говорејќи на РТС, Кон апелираше за почитување на мерките и за вклучување на сите инспекциски органи и оние кои треба да контролираат дали се спроведуваат мерките.

– Многу е важно да се разбере, сега е викенд, период кој претходно го решававме во полицискиот час, а сега ја имаме само својтаа свест и многу е важно да се контролираме – посочи Кон.

На прашањето каква е тековната состојба во Србија и дали поминат вториот врв од првиот бран, Кон одговори дека станува збор за многу сериозно прашање.

– Ние сме на високо ниво и таа крива се стабилизира, но се движиме по самиот раб, особено во Белград – додаде Кон.

Тој објасни дека кога се вели дека вирусот ги пробил епидемиолошките бариери, не значи дека епидемиолозите не ја вршат својата работа, туку дека продолжуваат да ги следат контактите.

– Суштината е дека вирусот е кај луѓето и дека релативно слободно се пренесува и оти е многу важно да се сфати овој момент, затоа што сега веќе немаме полициски час кој ја реши нашата состојба и сѐ што е пропишано мора да се почитува – истакна Кон. .

Тој потсети дека е задолжително да се носат маски во затворено и на отворено каде не може да се одржува растојание од 1,5 метри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега