Close Menu
    Најново

    Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини

    07.02.2026 во 11:36

    Димитриеска-Кочоска по реизборот во ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е време на мудри одлуки за поголеми победи

    07.02.2026 во 10:47

    Дневен хороскоп: Шкорпиите расчистуваат со минатото, Рибите ќе дознаат важна информација за иднината

    07.02.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини
    • Димитриеска-Кочоска по реизборот во ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е време на мудри одлуки за поголеми победи
    • Дневен хороскоп: Шкорпиите расчистуваат со минатото, Рибите ќе дознаат важна информација за иднината
    • Се појави шуга во АРМ: Двајца војници изолирани и испратени на домашно лекување
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а од друга страна бараат тие што возат без возачка дозвола да се казнат
    • СДСМ: Владата ги избра луксузите на владините функционери наместо работниците
    • На Попова Шапка има над половина метар снег, во Крушево наврнаа 27 литри на метар квадратен дожд
    • Возете внимателно: На овие патни правци има густа магла – видливоста е намалена до 60 метри
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини

    Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини

    07.02.2026 во 11:36
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Што е тоа компост?

    Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпадот – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е органски, темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува нејзината плодност, и придонесува за намалена потреба од вештачки ѓубрива, а со тоа и поквалитетни земјоделски производи.

    Од што се добива компост?

    Компостот најчесто се добива од мешавина на „зелени“ и „кафеави“ материјали. „Зелените“ материјали се свежи, влажни и богати со азот, како на пример остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, чај, свежо косена трева, зелени листови.

    „Кафеавите“ се суви и богати со јаглерод т.е. суви листови, слама, ситни гранчиња, струготини од необработено дрво, картон/хартија без печатени бои и пластика. Со цел постигнување максимален ефект во најкус временски период, препорачливо е „зелените“ и „кафеавите“материјали меѓусебно да се комбинираат во приближно балансиран однос (повеќе „кафеави“ за да нема непријатни мириси и премногу влажност). Процесот на компостирање ќе биде целисходен само доколку се исполнети следниве три услови: оптимален процент на влага на ровот (како исцеден сунѓер),периодично проветрување (кислород) и доволно време. Во компостот не се ставаат месо, риба, млечни производи, масна храна, измет од миленици, пластика и материјали со хемиски премази бидејќи истите значително ќе влијаат врз квалитетот на органската маса.


    Компостирањето во ровови (понекогаш наречено „закопување на био-отпад“ или trench composting) е едноставна, нискобуџетна и многу распространета техника, особено во дворови, градини, овоштарници и мали земјоделски парцели. Самата техника подразбира дека наместо во компостер, био-материјалот се поставува во ископан ров и се покрива со земја, каде што постепено се разградува и ја збогатувапочвата директно „на лице место“.

    Методот на компостирање во ровови се применува многу едноставно и е особенопрактичен за дворови, градини и помали парцели. Процесот започнува со избор соодветна локација во градината или дворот, по можност на место каде што се планира садење во следната сезона – на пример во меѓуредите, по периферијата на леите или во близина на овошни дрвја. Потоа се ископува ров со вообичаена длабочина од 20 до 40 сантиметри и ширина од 20 до 30 сантиметри, при што димензиите може да се приспособат во зависност од типот на почвата и количината на органски материјал што се располага. Во ровот се додава био-материјал во слоеви,
    најчесто комбинација од кујнски растителен отпад и „суви“ материјали како суви листови, слама или картон, со што се обезбедува подобар баланс на материјалите и се намалува ризикот од непријатни мириси. Доколку внесениот материјал е премногу сув, може лесно да се навлажни за да се поттикне процесот на разградување. По полнењето, ровот целосно се покрива со земја – препорачливо со слој од најмалку 10 до 15 сантиметри – и земјата се набива умерено, со цел да се спречи излегување мириси и да се ограничи пристапот на животни. На крај, локацијата се означува за да се знае каде е поставен ровот. Разградувањето најчесто трае од неколку недели до
    неколку месеци, при што процесот е побрз во потоплите сезони; по завршување, почвата на тоа место станува потемна, поронлива и видливо побогата.

    Оваа техника е толку популарна затоа што овозможува минимален мирис и помала појава на инсекти, бидејќи органскиот отпад е покриен со земја и не е изложен на воздух како кај купчините.

    Дополнително, не е потребно редовно превртување и одржување како кај класичната компостна купчина, а придобивките се директни – органската материја и хранливите елементи остануваат во зоната на коренот и веднаш придонесуваат за подобрување на почвата.

    Методот е особено погоден за домаќинства со двор или градина, каде што количините на био-
    отпад се умерени и има доволно простор за примена, при што трошоците се минимални, а не
    е потребна никаква специјална опрема.

    За најдобар ефект, рововите треба да се планираат на безбедно растојание од бунари и водотеци и да се избегнуваат места каде што се задржува вода, бидејќи прекумерната влага може да го забави процесот и да создаде непожелни услови. Во зимски период разградувањето природно е побавно, па затоа овој метод често се користи како „инвестиција“ за пролетната сезона, кога почвата ќе биде подготвена и збогатена. Доколку се располага со поголеми количини органски отпад, практично решение е да се применува ротација – на пример, да се користи еден ров во еден период, а потоа следен ров на друга локација – со што се избегнува преоптоварување на едно место. Клучна препорака за добар баланс и побрза разградаба е секогаш покрај влажниот кујнски отпад да се додава и сув материјал како лист, слама или картон, што ја стабилизира мешавината и ја подобрува ефикасноста на компостирањето.

    Град Скопје и општините на градот се соочуваат со сериозни предизвици кога станува збор за воспоставување на целосно интегриран и функционален систем за селекција и третман на био-
    отпадот. Во таа смисла, промовирањето на едноставни, децентрализирани практики на компостирање – особено компостирањето во ровови – може да биде реална и брзо применлива мерка.

    Општините можат да ја поттикнат оваа пракса во рамките на локалните програми за управување со отпад, урбано зеленило и климатска акција. Понатаму, може преку едукативни кампањи, демонстративни градини и пилот-локации во училишта и јавни установи, како и преку поддршка на домаќинствата и заедниците што имаат дворни површини да придонесат кон намалуцањето на оваа фракција на отпад во вкупните количини на депониран отпад.. На тој начин, дел од био-отпадот ќе се пренасочи од контејнерите и депонијата Дрисла кон јавните или приватните дворни површини како природно ѓубриво за почвата и растенијата.Со тоа ќе се намалат непријатните мириси и товарот врз комуналните служби, а ќе се зајакне локалната
    култура на одговорно постапување со органскиот отпад – чекор што е во линија со
    современите принципи на циркуларна економија и поодржливо управување со
    животната средина во Скопје.

    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

    Популарно

    Милица Тодоровиќ повторно проговори: Детето е старо 3 дена, поминувам низ пекол

    06.02.2026 во 23:11

    Белата куќа експресно го повлече видето во кое Трамп ги споредуваше Барак и Мишел Обама со мајмуни

    06.02.2026 во 22:57

    Добри вести за граѓаните од регионот: Целосно се бришат јануарските сметки за струја

    06.02.2026 во 17:39

    Тошковски со честитка до новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ: Заедно ќе одговориме на предизвиците

    06.02.2026 во 21:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.