Комити до Груби: „Го молиме присутниот џган да не нѐ става во уста“

 

Навивачката група Комити брзо му одговори на првиот вицепремиер Артан Груби. „Го молиме присутниот џган да не не става во уста“, е одговорот на Комитите за ставот на Груби.

Ривалитетот меѓу Вардар и Шкупи секогаш е присутен, а Артан Груби во минатото беше дел од навивачката група „Шверцери“.

„Го замолуваме присутниот џган да не 'не става у уста.

ВАРДАР - Слога 1:0

Ајт сиктер !

#ШверцерскаДунда #ГлумецотОдТеатарот“ напишаа Комити.

Груби, претходно упати порака до Комитите, навивачката група на Вардар,  велејќи дека за однесувањето што тие го имаа на вчерашниот меч меѓу Вардар и Шкупи, иако навиваа надвор од стадионот, нема место во новото општество.

„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, истакна Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа