Комисијата одлучи: Паѓаат маските во училиштата - во кафеана ќе се оди без сертификат за вакцинација

Комисијата за заштита од заразни болести ќе и препорача на Владата да го укине задолжителното носење на маски за децата за време на наставата во училиштата во основното образование. Средношколците и натаму ќе останат под маски. Покрај оваа одлука, донесен е и предлог за укинување на обврската за поседување вакцинален сертификат во угостителските објекти кои имаат отворени тераси. Комисијата во овој момент одржува прес конференција. Деталите ќе ги објавиме наскоро.

16.03.2022 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега