Сиљановска Давкова на средба со украинската амбасадорка Дир, швајцарската амбасадорка Улман и евроамбасадорот Гир


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина Лариса Дир, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поканата упатена од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

 

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води.

27.05.2024 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега