Патниците кои денеска се упатија кон Република Бугарија преку граничниот премин Делчево – Станке Лисичково се соочуваат со сериозни застои и колона возила долга околу еден километар.

Причината за гужвата е новата процедура на бугарските гранични служби за електронско внесување на податоци. Според сведоштва на граѓани за МИА, секој патник што не поседува пасош од Европската Унија мора да помине низ детална проверка која вклучува фотографирање и земање отпечатоци од прсти.

„Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути“, вели револтиран граѓанин од Делчево, кој тргнал на годишен одмор. Од друга страна, на македонска страна од границата, контролата се одвива тековно и без никакви застои, што потврдува дека „тесното грло“ е исклучиво на влезот во Бугарија поради бавните административни процедури.

Exit mobile version