Синдикалната минимална кошница во август достигна 68.675 денари, што е зголемување за 177 денари во однос на јули, кога биле потребни 68.498 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Најголем дел од месечните трошоци отпаѓаат на храна и пијалаци, за кои се потребни 25.032 денари. За образование се издвојуваат 7.192 денари, за облека и обувки 6.511 денари, додека за станарина, вода, електрична енергија и греење се потребни 6.370 денари.

Трошоците за транспорт изнесуваат 5.175 денари, за ресторани и хотели 4.131 денар, за комуникации 3.677 денари, за хигиена 2.692 денари и за здравство 1.196 денари.

Доколку во пресметката се вклучи и трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница за август се зголемува на 84.050 денари.

Exit mobile version