Колку долго можете да бидете во иста соба со заразена личност, а да не заболите од коронавирус - се зависи од повеќе работи

Колку брзо ќе се случи преносот на коронавирусот од заразената личност на здравата зависи првенствено од тоа дали се почитуваат превентивните мерки, но и од бројни други фактори, од тоа колку долго здравата личност била изложена на вирусот, во какви услови, до тоа што правеле и слично.

Математичарите од МИТ одлучиле да го анализираат комплексниот проблем, па осмислиле математички модел кој симулира динамичност на флуидот, односно вирусот во капките во некој простор.

Прашањето било едноставно - колку долго можете да бидете во иста просторија со заразена личност, а да не се заразите? Одговорите, меѓутоа, биле разнолики и се движеле во распон од неколку минути до недели.

Бидејќи самата математичка формула била исклучително комплексна. математичарите одлучиле да направат интернет страница која е релативно едноставна за користење, а која може да им помогне на обичните луѓе да пресметаат какви шанси имаат да се заразат.

Корисниците можат да одберат многу специфични услови како големина на собата, носење маска, кој вид маска, какво било нивото на влажност, колку лица имало во собата и каква била вентилацијата. На страницата можете да дојдете до увид за тоа колку била опасна ситуацијата во која сте биле, од седење во дневна соба со пријателите и посета во црква до купување во продавница и одење на концерт.

Една од најризичните ситуации е седење во ресторан каде може да се заразите на скоро 10 метри, додека со една заразена личност можете да престојувате во иста соба во куќа и до една недела, а да не се заразите, под услови двете да носите маски и да ги проветрувате просториите.

Вечера за 10 лица во стандардна соба во која никој не носи маска е безбедна само 18 минути. Џон Буш, професор на применета математика рекол дека иако основните здравствени правиле биле корисни, претпоставките дека во сите ситуации биле 100 отсто делотворни, биле опасни и премногу поедноставени.

Менувањето на некои детали во одредени сценарија го менува и времето потребно за заразување. На пример, ако лицата на вечера не носат маски, количината на безбедното време се намалува на 2 минути. Ако се отвори просор и се појача вентилацијата, лицата се безбедни уште 6 минути.

Но, ако пресметаме дека луѓето некогаш ја повлекуваат маската или не носат одговарачка маска, вечерата може да биде безбедна само 32 минути. Единствен проблем на оваа страница е што претпоставува дека само едно лице е заразено меѓу присутните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега