Колариќ: Шилегов идентитетски го обезличува градот
Петре Шилегов продолжува да си ги наметнува сопствените фрустрации врз Скопје. Шилегов нема направено ниту еден значаен проект цели 4 години. Затоа што нема проект по кој ќе го памтат скопјани, Шилегов сака да биде запаметен по смена на идентитетот на градот, истакна денеска во „Коментар на денот“ советничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Светлана Колариќ.
-Петре Шилегов идентитетски го обезличува Скопје, ќе менува имиња на улици како Киро Глигоров, а ќе именува улици по Алија Изетбеговиќ, негов современик. Што е ова ако не апсурд и идентитетско обезличување. Шилегов ќе ги смени имињата на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Васил Чакаларов“, а ќе именува улици по „Лав Троцки“, „Комаров“ и други комунисти. Со Шилегов Скопје повеќе налукува како Москва од 60 тите години на минатиот век, а не како модерна европска метропола. Шилегов за да го обезличи Скопје фингираше јавна расправа, што е еднакво на немање расправа, истакна таа.
Рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара понишување на донесената листа на имиња и вклучување на стурчната јавност во широка јавна дебата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа