Која е мистериозната жена која плачеше во прегратките на Меси: Сите мислеа дека тоа е мајката на Лео, но сега е откриена вистината

Лионел Меси успеа да го оствари својот најголем сон, на својата Аргентина ѝ ја донесе титулата светски шампион.

По 36 години чекање, „гаучосите“ се искачија на светскиот трон, откако во незаборавно финале ја совладаа француската репрезентација по подоброто изведување пенали.

По натпреварот, на теренот можеше да се забележат крајно трогателни сцени. Аргентинските фудбалери и нивните најблиски го прославија успехот, а посебно внимание привлече сцената кога една жена притрча до Меси и силно го прегрна.

Тоа било многу емотивен момент за двајцата. Жената не можела да ги запре солзите, а најпрвин сите помислиле дека се работи за мајката на Меси, Селија, па снимката експресно стана вирална.

Меѓутоа, подоцна се откри дека жената која го прегрнуваше Меси на теренот е всушност Антонија Фариас – готвачка во аргентинската репрезентација.

Антонија има 42 години и веќе 10 години ја следи репрезентацијата на сите патувања.

Меси и неговите соиграчи ја обожуваат. Таа одлично си ја извршува својата работа и позната е по тоа што сака да им ги исполнува желбите по натпреварите. Секогаш им ги готви омилените јадења и тоа им е некој вид дополнителна мотивација.

21.12.2022 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега