Close Menu
Press24
    Најново

    Дувнал 3,7 промили алкохол – Пијан маж дивеел и нападнал полицаец, драма во Бања Лука

    23.03.2026 во 10:44

    Лоша временска прогноза за Велигден – Нема да видиме сонце за празникот

    23.03.2026 во 10:36

    Трагедија во Македонија: Му се слошило додека возел, излетал од пат и починал

    23.03.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дувнал 3,7 промили алкохол – Пијан маж дивеел и нападнал полицаец, драма во Бања Лука
    • Лоша временска прогноза за Велигден – Нема да видиме сонце за празникот
    • Трагедија во Македонија: Му се слошило додека возел, излетал од пат и починал
    • Паника во Хрватска: Се затвораат бензински пумпи, граѓаните во очај – Тешко е, полниме каде ќе стигнеме
    • Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата
    • Шилегов: „Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за Пулс”
    • Драма на естрадата: Сите се молат за Зорица Брунцлик – нејзината здравствена состојба е загрижувачка
    • ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Башановиќ е „врската“ меѓу Заев и Ципрас за името и кој навистина командува во СДС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кој пости, душата ја гости – Почнува Велигденскиот пост

    Кој пости, душата ја гости – Почнува Велигденскиот пост

    23.02.2026 во 08:12Updated:23.02.2026 во 08:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 12 април.

    Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страсна седмица.

    Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страсната седмица.

    Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.

    Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели:

    1. Да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение.

    2. Крстените, пак, да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за Празникот што претставува основа на верата. Христијанската вера е вера во воскресението. Тоа му дава смисла и цел на христијанскиот живот.

    А Велигден е празник на Воскресението и на Животот. Нова Пасха. Премин од привременото во вечното живеење. Тие што се со Христа овде, ќе бидат со Него и во вечноста.

    Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.

    Народот вели: Кој пости, душата ја гости!

    Top News
    Популарно

    Дувнал 3,7 промили алкохол – Пијан маж дивеел и нападнал полицаец, драма во Бања Лука

    23.03.2026 во 10:44

    Лоша временска прогноза за Велигден – Нема да видиме сонце за празникот

    23.03.2026 во 10:36

    Трагедија во Македонија: Му се слошило додека возел, излетал од пат и починал

    23.03.2026 во 10:24

    Паника во Хрватска: Се затвораат бензински пумпи, граѓаните во очај – Тешко е, полниме каде ќе стигнеме

    23.03.2026 во 10:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.