Кој ни ги вози децата - полицијата фатила 4 шофери кои воопшто немале ниту возачка дозвола

 

4 возачи превезувале ученици без да имаат возачка дозвола, информира МВР.

Еден од превозниците воопшто немал ниту лиценца за работа додека 21 автобус е испратен на вонреден технички преглед. „ Денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци. Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ – информира МВР.

11.11.2022 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега