Кои се очекувањата на Ковачевски од средбата со Петков?
Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски од средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков очекува враќање на довербата низ дијалог.
- Јас сметам дека нивото на односи меѓу две соседни држави кои имаат предизвик меѓу себе треба да биде на многу повисоко ниво. Прво треба да отвориме разговор бидејќи она што треба да го направиме е враќање на довербата низ дијалог. Јас се уште стојам на ставот, а впрочем тоа е и ставот на премиерот Петков, дека разговорот треба да се води на теми кои гледаат кон иднината односно во делот на економската соработка, соработка во делот на иновации, инфраструктура, културна, во делот на помошта на евроинтегративниот процес на државата, рече вечерва Ковачевски во Топ Тема.
Тој вели дека добра порака е што бугарскиот премиер Петков својата прва посета ја најави и ќе ја направи на нашата држава. За минатото, додаде, секако постои историска комисија која продолжува со својата работа.
– Резолуцијата на Собранието која е изгласана ќе биде почитувана од Владата, но сметам дека низ еден дијалог и враќање на довербата и формирање на работни групи кои ќе работат и почесто во еден месец ќе се состануваат ќе разговараат за инфраструктурно, економско, културно поврзување на двете држави, ќе ги релаксираат односите. Доколку зборуваме на позитивни теми и теми коишто не зближуваат ќе нема место за пропагандисти кои шират негативна енеергија меѓшу граѓаните, тоа се потврди и кога се решаваше прашањето со Грција. После решавањето на прашањето имаме веќе односи каде зборуваме за екоонмска соработка, посочи Ковачевски.
Договорот, додаде, треба да биде базиран на европски вредности со задржување на достоинството на двете држави и на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа