Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Со владината мерка граѓаните штедат 200.000 евра дневно – Македонија со најевтино гориво во регионот

    23.03.2026 во 13:49

    Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Со владината мерка граѓаните штедат 200.000 евра дневно – Македонија со најевтино гориво во регионот
    • Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува
    • Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кочовски: Во наредните 4 години ќе го реконструираме Здравствениот дом

    Кочовски: Во наредните 4 години ќе го реконструираме Здравствениот дом

    30.09.2025 во 18:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години и дека ќе се продолжи со зсилено темпо да се работи одговорно, посветено и чесно за да општина Вевчани биде општина достапна и отворена  за своите граѓани.

    „Програмата за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет на Вевчани. Приоритет ни се нови инвестиции не само во инфраструктурата туку и изградба на мултифункционална игралиште во Вевчани, реконструкција на старата Кино сала, доградба на градинката во Вевчани, ќе изградиме и нови водоводни и канализациони линии, инфраструктурата ни е пред се, сите проблеми што ги имаме мапирано да ги решиме ,никој нема да биде  заборавен“, рече Кочовски.

    Градоначалникот Кочовски истакна дека ќе продолжи да се вложува во културата и туризмот, ставајќи го во фокусот Вевчанскиот карневал, со што Вевчани би била најпосакувана туристичка дестинација.

    „Во делот на туризмот, се обврзуваме на континуирана поддршка и организација на Вевчанско лето, поддршка на Вевчански карневал, поддршка на Василичарски друштва, поддршка на фестивалот за народна култура и традиција „Пображење“, поддршка на здруженија на граѓани кои се занимаваат со развој на вевчанската култура и традиција. Со ова ќе ја направиме Вевчани најпосакувана дестинација за туристите.

    Исто така тој стави акцент и на проектите кои ќе следат во здравствениот сектор, како реконструкцијата на ЈЗУ „Здравствен дом“ Вевчани.

    „Во однос на социјална и здравствена заштита, се обврзуваме на реконструкција на кров и  поткровје во, ќе продолжиме со поддршката на здружението на пензионери, а ќе ги отвориме и вратите за соработка со останатите здруженија на граѓани во областа на социјалната и здравствена заштита, а ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за секое новороденче во Општина Вевчани“, вели Кочовски кандидат за градоначалник на општина Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

    Популарно

    Мицкоски: Со владината мерка граѓаните штедат 200.000 евра дневно – Македонија со најевтино гориво во регионот

    23.03.2026 во 13:49

    Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.