Ангелов, утрово во Кочани на Трет меѓународен противпожарен настан на ДПД од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истовремено и раководител на Главниот штаб за управување со кризи денеска утрово во Кочани присуствуваше на свечен јубилеј на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Кочани“, при што го проследи Третиот меѓународен пријателски натпревар – противпожарни игри, меѓу Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и домаќинот Македонија. Ангелов со пригоден говор ги поздрави присутните и ја истакна значајноста на доброволното пожарникарство во нашата земја, а и регионалната и друга соработка при размената на искуства, а и меѓусебно помагање кога има опасни огнени стихии.
Паралелно со натпреварувањето на сениорите, истовремено се одвиваа и натпревари за младите ученици од петто одделение од Кочани, Чешиново, Облешево и Зрновци.
Инаку, ДПД „Кочани“ спроведе и тактичко показна вежба за противпожарна интервенција и спасување при превртено моторно возило каде што се извлекуваа двајца повредени од возилото.
Настанот беше придонес кон доброволното пожарникарство и јакнење на свеста на луѓето за дејство против пожари, како и размена и покажување искуства и техники на противпожарно дејство