Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изутрината, до 7:30 часот, на територијата на земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор.

Од нив, три пожари се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснат.

Според податоците од ЦУК, активни се следните пожари:

  • Општина Струга: Меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци
  • Општина Македонски Брод: Во атарот на селото Белица
  • Општина Чучер-Сандево: Во близина на селото Брест

Под контрола на противпожарните екипи се четири жаришта:

  • Општина Македонски Брод: Кај селото Бенче
  • Општина Кичево: Во близина на селото Тајмиште
  • Општина Ѓорче Петров: Кај селото Грачани
  • Општина Делчево: Дива депонија

Пожарникарите и надлежните служби продолжуваат со активностите на терен за справување со активните жаришта.

Exit mobile version