Пратеникот Миле Лефков упати низа остри критики во кои ги истакна економските политики на актуелната Влада, посочувајќи дека целосно се занемаруваат постигнатите резултати во делот на земјоделството и пензискиот систем.
Лефков излезе со жестока реакција, критикувајќи ги политичките противници за нивните истапи во јавноста.
„Еве како изгледа кога наркофил навлечен на кокаин, излегува да зборува за земјоделците и пензионерите, а притоа не кажува дека оваа Влада ги исчисти сите заостанати долгови кон земјоделците од претходната Влада и, второ, дека неколкукратно ги зголеми пензиите на пензионерите“, вели Лефков.
Тој дополнително обвини за свесно занемарување на фактите од страна на политичките актери кои упатуваат критики на сметка на владината работа.
„Од напудрениот нос, од белото, не може ниту да ги помириса фактите кои се толку очигледни“, додава тој во својата реакција.


