Close Menu
    Најново

    Филипче од Кичево: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам

    01.10.2025 во 20:29

    Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците 

    01.10.2025 во 20:22

    Хаос по судирите во Мароко: Над 400 уапсени, и околу 300 повредени

    01.10.2025 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче од Кичево: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам
    • Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците 
    • Хаос по судирите во Мароко: Над 400 уапсени, и околу 300 повредени
    • Студен бран пристигнува во Македонија: Облекувајте се топло
    • Играле со цените: Над 2 милиони евра казни за македонските супермаркети
    • На Васев не му се погоди обвинителката – бара да го гони лично Коцевски
    • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заглави кон ЕУ – ние имаме црвени линии
    • Субвенциониран студентски оброк: Аплицирајте до 5 октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Коњановски: Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме

    Коњановски: Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме

    29.09.2025 во 16:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со голема чест и благодарност денес Ви се обраќам на почетокот на едно ново поглавје, почеток на изборната кампања за довербата која што повторно ја барам од вас. Изминативе години ми ја доверивте честа и одговорноста да ја водам нашата Битола, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски.

    Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри. И се уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред. Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува една модерна, урбана, чиста и динамична Битола. Темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина. Сега, драги мои сограѓани, доаѓа ново време. Доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме. По изградбата на булеварскиот влез од страната на Прилеп, соодветен булеварски влез ќе има и од страната на Охрид. Јавниот превоз ќе биде едно од најзначајните задачи во овој мандат. Симболот на Битола – реката Драгор, ќе биде уредено по светски стандарди. Ќе продолжиме со комплетна модернизација на градската инфраструктура, со нови улици, велосипедски патеки и современи јавни простори. Ќе продолжиме да инвестираме во зелената иднина преку паметни решенија, со што Битола ќе чекори стабилно кон одржливиот урбан развој. Грижата за образовните и спортските капацитети останува наш приоритет, бидејќи во младите е нашата иднина. Создадовме помодерен, дигитализиран и ефикасен локален сервис, кој веќе е поблиску до граѓаните. Ваквиот пристап ќе го надградуваме и прилагодуваме на нивните потреби. Културата и спортот ги издигнавме на ниво на светски случувања. Битола е препознатлива на светската мапа на спортски настани во ракометот, фудбалот, кошарката, кои се одигруваат во современи услови. Ќе продолжиме уште повеќе да ја издигнуваме Битола во спортски рамки, преку одржување на голем број меѓународни спортски настани и надградба на спортските капацитети. Создадовме културни брендови, препознатливи не само во регионот, туку и надвор од државата. Тука е Зимската приказна, Битфест, гостување на врвни музички, театарски и уметнички имиња. Ќе го јакнеме веќе создадениот квалитет, надградувајќи го со уште поволеми културни вредности. Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ќе го поддржиме локалниот економски развој и новите работни места, преку партнерство и соработка со бизнис секторот. Јас верувам во Битола. Верувам во нејзината иднина. Верувам во решителноста да создадеме уште поубав живот овде, дома. Нашата визија за Битола не е само ветување, визијата веќе се остварува. Секој проект, секоја улица, секоја нова можност е доказ дека заедно можеме многу, истакна Коњановски.

    Ве поканувам повторно да тргнеме по истиот пат на развој, современост и достоинствен живот. Со вашата доверба, со нашето заедничко залагање, Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме. Заедно, со Вашата поддршка, да ја напишеме следната, најубава страница од приказната наречена Битола, додаде тој.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Сијарто: Кога Грција и Бугарија ја блокираа Македонија не беше проблем

    01.10.2025 во 17:36

    Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

    01.10.2025 во 10:41

    Нов аларм во земја на НАТО: Дронови се приближуваат кон аеродромот, полицијата е на лице место

    01.10.2025 во 10:22

    Авганистанците конечно добија интернет

    01.10.2025 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.