Украински и американски преговарачи се сретнаа во Флорида во обид да најдат решение за руско-украинската војна. Дискусиите, кои Белата куќа ги оцени како „конструктивни“, продолжуваат и во текот на денешниот ден, со фокус на постигнување конкретни резултати за мировен договор.

Американскиот преговарачки тим е предводен од Стив Виткоф, специјален претставник на Доналд Трамп, и Џаред Кушнер. Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, по средбата истакна дека вниманието е насочено кон приближување на ставовите.

„Продолживме да разговараме за клучните прашања и следните чекори во процесот на преговори. Особено внимание беше посветено на конвергенцијата на пристапите за понатамошен напредок кон постигнување практични резултати“, изјави Умеров.

Досегашните рунди разговори во ОАЕ и Женева резултираа само со размена на затвореници, но овој состанок во САД се смета за чекор напред кон „сеопфатен мировен договор“.

Exit mobile version