Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски нов министер за здравство: Грижата за здравјето на граѓаните ќе стане уште поголем приоритет

    Клековски нов министер за здравство: Грижата за здравјето на граѓаните ќе стане уште поголем приоритет

    01.07.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со реконструкцијата на Владата, Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство. По одлуката која вчера беше соопштена по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Сашо Клековски се огласи на Фесјбук по одлуката:

    -За секој пациент, секој ден!

    Со голема чест и длабока одговорност ја прифаќам номинацијата на премиерот Христијан Мицкоски за Министер за здравство.

    Овие две години како директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија не беа само работа — беа мисија! Секој лек што стана подостапен, секоја политика што ја спроведовме за полесен пристап до здравствена заштита, секој процес што го олеснивме за пациентите и за здравствените работници — зад сето тоа стоеa луѓе. Нивните грижи, нивните потреби, нивната доверба!

    Денес, при посета на Општата болница во Куманово, ме застана пациент за да ми каже колку голем напредок е постигнат. Тој момент, повеќе од сè, ме потсети зошто оваа работа има смисла — не бројките, не извештаите, туку луѓето чии животи реално се подобрени.

    Му благодарам на премиерот Hristijan Mickoski за довербата. Ја примам со скромност, со свест за тежината што ја носи и со ветување дека ќе работам со срце, посветеност и одговорност — за подобро здравство за сите нас!

    Денес чувствувам дека тоа патување не завршува, туку добива нова, поголема димензија. Министерството за здравство не е само следна функција — тоа е можност грижата за здравјето на секој граѓанин да стане уште поголем приоритет, а резултатите да се чувствуваат во секој дом, во секоја болница низ Македонија.

    Да живее Македонија!, напиша тој.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.