Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Одговорно тврдам, одговорнот ќе има, но да не биде линч

    Клековски: Одговорно тврдам, одговорнот ќе има, но да не биде линч

    25.07.2026 во 15:19Updated:25.07.2026 во 15:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Забавување во системот за рано предупредување од три до четири дена е регистрирано при првичните известувања за инфекциите во Гостивар, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Според неговите изјави, надлежните служби веќе ги анализираат сите медицински податоци и повици до матичните лекари за точно да се утврди хронологијата на настаните. Клековски беше дециден дека утврдувањето на одговорноста е неизбежно, но нагласи дека целиот процес мора да се заснова на стручни факти, а не на медиумски или политички линч.

    Како што соопшти првиот човек во здравството, моментално се прават детални увидни анализи преку три независни извори за да се извлечат поуки и да се коригираат системските слабости. Од Министерството додаваат дека фокусот во моментов е ставен на спречување на таканаречени „опашки“ од епидемијата кои можат да настанат поради нарушена лична хигиена.

    Клековски во своето обраќање го појасни ставот околу одговорноста и меѓуинституционалната истрага:

    „Надвор од редовните контроли има национална програма. И врз основа на таа национална програма, сите вршат документарна контрола над тоа што го вршат јавните комунални претпријатија. Во основа се побарани сите анализи од првите анализи на 26-ти до сега. И тие се предмет на анализа. Бидејќи збориме за одговорност, ќе дозволите да погледнеме како се движела точната хронологија. Јас одговорно тврдам дека одговорност ќе има. Меѓутоа да не биде линч. Да не скокаме веднаш во обвинувања за оваа или онаа ситуација.“

    Шефот на здравствениот ресор се осврна и на утврдените доцнења во пријавувањето на заразите од терен:

    „Здравствената институција го преиспитува работењето на овие институции, во основа веќе е вклучена. Едно е прашањето на одговорност, друго е прашањето на научени лекции. Кога бил нултиот случај? Колку долго поминало од нултиот случај до свесност на здравствените власти дека нешто се случува? Отидов кај инфектолозите, колку време поминало од првата пријава во системот додека се запалиле црвените светла, дали е регистрирано? Како се вкрстува тоа со анализите на Центар за јавно здравје и уште треба да ги видиме и анализите на АХВ. Треба да ги сумираме сите информации. Затоа јас ви гарантирам дека многу брзо, нема тоа да бидат месеци, ќе ги комплетираме и ќе имаме еден објективен поглед на работите. Одговорноста е една работа, другото е да видиме што можеме да поправиме во системот на рано предупредување, бидејќи очигледно пријавите за заразни заболења имаат 3 до 4 дена доцнење во известувањето според ова што до сега можам да го видам на терен.“

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.