Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Драма во близина на Будва: Се запали туристички брод
    • Николоски: Првите 30 електрични еколошки автобуси пристигнуваат порано од предвидениот рок
    • Ескалација во Тирана: Нападната полициска зграда – нови судири меѓу полицијата и демонстрантите, оган од сите страни
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Избоденото 13-годишно дете е во стабилна, но и понатаму животозагрозувачка состојба

    Клековски: Избоденото 13-годишно дете е во стабилна, но и понатаму животозагрозувачка состојба

    03.09.2026 во 14:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тринаесетгодишното момче кое беше прободено во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

    „Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилна, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. Добрата страна – кинетиката – движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност“, одговори Клековски на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

    Прашан за ризикот од можна епидемија на морбили поради зголемениот број случаи во соседството, министерот предупреди дека опфатот од 62 отсто вакцинирани ученици е недоволен за колективен имунитет.

    „Ние предупредивме на ризикот од тоа бидејќи во Косово и Бугарија веќе има зголемен број на случаи. Во основа, Институтот за јавно здравје ги спроведе сите неопходни активности за информирање, меѓутоа вие знаете дека во основа имаме, особено во некои урбани средини – силно противење на вакцинацијата. И мораме да гледаме малку поаналитички како тоа да го надминеме бидејќи нема логика во, условно кажано, помалку развиени средини да имаме многу висок степен на опфат, вклучувајќи и со помалку прифатени вакцини, како ХПВ, а од друга страна, во средините кои се најразвиени, каде што образованието е на највисок степен, да имаме најнизок степен на опфат. И тоа е предизвик со кој мораме малку поаналитички, системски да се соочиме“, рече министерот.

    Во однос на терапијата за пациентите со цистична фиброза, Клековски најави проширување на опфатот за лекот „трикафта“ до крајот на месецот, со што се планира лекот да го добиваат и деца над двегодишна возраст.

    „Многу набргу ќе има промени таму, ќе ги објавиме. Очекувам дека на крајот на месецот ќе има нови објавени протоколи и ќе имаме нов опфат и на возрасна група и на генетски варијации“, појасни Клековски.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Првите 30 електрични еколошки автобуси пристигнуваат порано од предвидениот рок

    19.10.2026 во 21:49

    Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот

    19.10.2026 во 21:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.