Ќотек поради долгови: Три лица од Илинден завршија во болница

Поради долг три лица добија ќотек во својот дом во населбата Илинден. 

Како што соопшти МВР, четири лица на возраст од 19, 21 и двајца на 26 години, насилно влегле во домот на З. П. (52) во населбата Илинден, почнале да ја кршат покуќнината и физички ги нападнале З. П., К. П. и Л. П..

Домаќинот во самоодбрана со остар предмет го повредил Н. П., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З. П., К .П. и Л. П. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К. П. кон напаѓачите.

Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега