Ќерката на Марадона испрати трогателна порака (ФОТО)

Далма, ќерката на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, се огласи на социјалните мрежи за прв пат откако нејзиниот татко беше погребан со неговите родители во Буенос Аирес.

-Секогаш се плашев од својата смрт, но не сега. Знам дека ќе биде моментот кога ќе те видам повторно и ќе те гушнам! Ми недостигаш веќе тато! Ќе издржам тука, без оној дел од срцето што го зеде со себе!

Ќе те сакам и бранам цел живот затоа што ти благодарам на заедничкиот живот! Уништена сум, но ќе издржам! Чекај ме таму. Кога повторно ќе те видам, повторно ќе пееме заедно, ќе викаме, ти всушност пееш убаво додека јас врескам! Те сакам тато!

Ќе те сакам и бранам цел живот! А кога внуката ќе сака да ти се јави преку видео повик, јас ќе умрам, но биди сигурен дека ќе и кажам точно кој беше, кој си и кој ќе бидеш засекогаш. Можеби веќе те сака …

Ги составувам деловите заедно и не можам да замислам каков ќе биде мојот живот без тебе … Не можам … Но, тука сум со најдобриот сопруг на светот и ќерка која ќе ме присили да напредувам. Животот е краток, затоа се гледаме наскоро. Носам маргаритки за да ги украсувам твоите чорапи и те молам, погледни ме повторно со таа љубов што ја гледаме на фотографијата! Те сакам бесконечно – стои во прошталното писмо на најстарата ќерка на Марадона.

Инаку, Далма е постара од двете ќерки кои Диего ги доби со Клаудија Вилафане, со која се разведе во 2004 година по 20 години брак.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dalma Maradona (@dalmaradona)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа