Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе заѕвони првото училишно ѕвонче: 238 илјади ученици се враќаат во клупите

    Ќе заѕвони првото училишно ѕвонче: 238 илјади ученици се враќаат во клупите

    01.09.2026 во 08:004 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 238 илјади ученици денеска ги враќаат училишните ранци и ги полнат училишните клупи, со што започнува учебната 2026/2027 година. Од нив, околу 174 илјади се во основно, а 64 илјади во средно образование.

    Наставата ќе се одвива до 10 јуни 2027 година, додека за матурантите учебната година завршува порано, односно на 17 мај. Зимскиот распуст е предвиден во периодот од 31 декември до 21 јануари.

    Конечниот број на новозапишани ученици во прво одделение и прва година средно образование сè уште се утврдува. Според досега доставените податоци до Министерството за образование и наука, запишани се 14.952 првачиња и 16.932 средношколци во прва година.

    Од МОН информираат дека учебниците се веќе дистрибуирани до училиштата во количини според нивните потреби. За новата учебна година се обезбедени 622 илјади учебници, а според министерката за образование и наука Весна Јаневска, со набавките се направени заштеди од околу 50 милиони денари во споредба со периодот пред нејзиниот мандат.

    Целосно нови учебници во цел тираж има за прво, второ и трето одделение, како и за осмо одделение и вториот клас во гимназиското образование. Причината е воведувањето нови наставни програми во овие одделенија и класови.

    Една од главните промени во новата учебна година е проширувањето на едносменската настава. Таа ќе се реализира во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти во државата, вклучувајќи ги и централните и подрачните училишта.

    Од Министерството велат дека целта е учениците да поминуваат повеќе време во училиште, да имаат подобри услови за совладување на наставниот материјал, поголема концентрација за време на часовите и повеќе можности за социјализација.

    Во дел од поголемите градови недостигот на простор претставува пречка за целосна примена на едносменската настава. Поради тоа, се реализираат проекти за доградба на училишни простории. Во моментов се работи на 14 училишта во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба, како и во Илинден и Градско. Дополнително, во следните месеци е планиран почеток на уште 15 вакви проекти.

    Паралелно се инвестира и во реконструкција и изградба на училишната инфраструктура. Преку владината програма за капитални проекти во општините се реализираат околу 50 инвестиции, кои опфаќаат изградба и реконструкција на училишта, спортски сали и училишни базени.

    Поради оптимизацијата на училишната мрежа, оваа година бројот на паралелки ќе биде намален за 433 – за 222 во основното и за 211 во средното образование. Дел од паралелките со мал број ученици ќе бидат споени и реорганизирани.

    Како резултат на тоа што нема запишани ученици, од септември привремено нема да функционираат 26 подрачни училишта. Во земјава во моментов има вкупно 148 празни училишни објекти, најголем дел во руралните средини.

    Од МОН нагласуваат дека оптимизацијата нема да значи отпуштања на наставниот кадар кој е редовно вработен. Наставниците кои немаат целосен фонд на часови ќе можат да бидат ангажирани во целодневна настава или дневен престој, а дел од нив, доколку сакаат, и како образовни асистенти.

    За учениците со посебни образовни потреби оваа учебна година е обезбеден рекорден број образовни асистенти – 1.358 во основното и 166 во средното образование.

    Дополнителна поддршка е предвидена и за учениците кои поради подолго болничко или домашно лекување не можат да присуствуваат на наставата. Тие ќе имаат можност да следат настава онлајн заедно со својот клас или да работат индивидуално со наставник.

    МОН најавува продолжување на поддршката за талентираните ученици. Министерството ќе ги покрива трошоците за патување и учество на меѓународни научни олимпијади.

    За родителите, до 30 септември останува да важи мерката за 15 отсто пониски цени на училишниот прибор. Во октомври, пак, се очекува да бидат објавени конкурсите за ученички стипендии.

    Според договорот постигнат меѓу Министерството за образование и наука и СОНК, од март 2027 година наставниците треба да добијат ново зголемување на платите. Зголемувањето ќе се движи меѓу 7,5 и 10 проценти, зависно од стапката на инфлација.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.