Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе успее ли Судскиот совет во среда да ја потврди својата одлука?

    Ќе успее ли Судскиот совет во среда да ја потврди својата одлука?

    01.12.2025 во 15:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот совет за оваа среда закажа седница, а на дневен ред помеѓу седумте точки е и точката за постапување по решенија на Советот за одлучување по жалби пред Врховниот суд. И покрај тоа што не е експлицитно наведено, најверојатно се работи за предметот „Телеком-Фокус нет“, за кои веќе Судскиот совет донесе одлука за разрешување на трите судијки од Апелациониот суд. Неизвесно е дали овој Судски совет ќе успее да ја потврди одлуката која ја донесе.

    За судијката Наташа Савовска Димитровска и Роза Георгиева, Советот донесе одлука за разрешување додека за судијката Јетмире Ајдини Бошњаку, беше донесена одлука за парична каза, бидејќи пријавила за неправилности при носење на пресуда во предметот и соработувала во текот на постапката. Трите судијки се жалеа до Врховниот суд, по што за две од трите жалби беше одржана седница, по што предметот повторно се најде пред Републички судски совет.

    Судскиот совет за овој предмет пред јавноста ги презентираше наодите и констатираше прекршувања од Апелација во процесот на постапување по жалбата на одлуката во првостепената постапка и покрај другото утврди постоење на фалсификувани записници. Исто така, надвор од Законот за парнична постапка, пресудата со која се преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа.

    Одлуката за овој предмет не беше преиспитуваа само од страна на Судскиот совет и на Врховниот суд. Истрага за овој предмет отвори и Основното јавно обвинителство, откако Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, го испрати предметот на разгледување. Од ОЈО неколку пати потврдија дека работат во рамките на истрагата. Државата има удел од 35% во Телеком, па одлуката на Апелација има и буџетски импликации. Затоа Владата е информирана за овој случај.

    Инаку одлуката на Апелација беше донесена во јули 2024 година, непосредно пред судската ферија. Со оваа одлука, за која подоцна беа констатирани низа прекршувања од страна на Судскиот совет, се пресуди Телеком да плати отштета од 4 милиони евра на фирма со еден вработен. Имено, се работи за случај стар повеќе од 20 години. Фирмата имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година, кој бил раскинат заради долг што ги имала фирмата кон Телеком. Во првостепена постапка Граѓанскиот суд во Скопје пресудил во корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден вработен која повеќе години била со блокирана сметка, а била повторно активирана непосредно по донесување на второстепената пресуда. Заради сомнежите кои постојат за овој предмет, Кривичниот суд донесе времена мерка за запирање на извршувањето.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.