Дел од жителите на Скопје денеска ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Соле Стојчев“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на шибер на улицата „Соле Стојчев“ бр. 3, без вода ќе останат корисниците од оваа улица, улицата „Желево“ и дел од улицата „Волгоградска“.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршувањето на работите за санација на дефектот, информираат од јавното претпријатие.

Exit mobile version