Повеќе улици во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе останат без вода од 8:30 часот, а прекинот ќе трае до завршување на работните активности.

Без водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Васил Стефановски“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“, како и дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Причината за прекинот е поврзување на нова водоводна мрежа со пречник Ф-150 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Треска“, информираат од Центарот за управување со кризи на Град Скопје.

Exit mobile version