Ќе се тестира бесплатниот јавен превоз во М.Каменица

 

Во Македонска Каменица од утре започнуваат пробни возни линии за жителите од селските средини. Активноста се реализира како дел од проектот за воведување бесплатен јавен превоз на територијата на целата општина.

-Утре, петок (13.01.2023), Општина Македонска Каменица организира тест ден за бесплатен јавен превоз за жителите од селата Саса, Моштица и Дулица. Веќе од наредниот петок ќе биде воведен бесплатен јавен превоз за жителите и од останатите рурални средини, информираа од Општината

Целта на активноста како што додадоа е да се види заинтересирсноста за реализирање на оваа иницијатива која потекнува од самите жители.

-Во зависност од потребите ќе биде креиран возен ред и на располагање ќе бидат ставени двете општински комби возила, велат од локалната самоуправа.

Според предвидениот распоред, во текот на утрешното тест возење, заинтересирсните ќе можат да ја користат услугата почнувајки од 7:45 часот од паркингот кај градскиот пазар во М.Каменица.

12.01.2023 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега