СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.З.(70) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил викенд куќа, по што е донесено решение за отстранување на градбата.

Exit mobile version