Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје и тоа Илинден, Хиподром, Кисела Вода, Карпош, како и Центар.
-Од 07:30 до 15:30 часот: дел од улицата „Жан Жорес“, РИО Кафе во Илинден, „Дени Интернационал“, „Кромберт и Шуберт“ во Илинден, „Делта Комерц“, како и дел од Хиподром (општина Гази Баба);
-Од 08:15 до 14:00 часот: дел од булеварот „Никола Карев“ (кај Мулти Бренд), СТОП & ГО, Момин Поток кај „Рибокомерц“ (општина Карпош);
-Од 09:00 до 12:00 часот: дел од улицата „Ваташа“ (општина Кисела Вода);
-Од 09:00 до 17:00 часот: дел од улицата „Костурски Херои“ (кај Католичка), дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (кај АМСМ) и дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“ (кај АМСМ) во општина Центар.

