Поради планирани технички интервенции во електроенергетската мрежа, на 10.06.2026 година, делови од неколку скопски општини ќе останат без снабдување со електрична енергија.

Привремениот прекин ќе започне во најстрогиот центар на градот, во реонот каде се лоцирани повеќе угостителски објекти.

Планиран прекин во центарот на Скопје: дел од улицата Наум Наумовски Борче и дел од улицата Ленинова (Аминта III), во кругот на кафичите „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и други објекти. Времетраење: од 08:30 до 15:30 часот.

Покрај централното градско подрачје, екипите ќе работат и во Општина Сопиште, поточно во селото Долно Соње.

Планиран прекин во Долно Соње: дел од улиците 6, 8 и 12. Времетраење: од 09:00 до 13:00 часот.

Во претпладневните часови, без електрична енергија ќе останат и корисниците лоцирани во селото Мирковци, дел од реонот од Рибилимус кон Горно Оризари. Времетраење: од 09:00 до 15:00 часот.

Од надлежната компанија потенцираат дека по завршувањето на планираните технички интервенции, снабдувањето со електрична енергија ќе биде веднаш нормализирано.

Exit mobile version