Во тест фазата намерно не се применува толеранција, затоа што мора да ја потврдиме техничката прецизност и стабилност на системот, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервјуто за Прес 24. Посочува дека од досегашнито тест период се анализираат сите аспекти за да се добие функционален систем. Во пракса сепак ќе има одредена толеранција
во бројката на пречекорена брзина.

ПРЕС24: Она што од досегашното искуство на граѓаните е дилема, е санкциите за пречекорување на брзината за 1, 2, 3 Км/час. Имаше низ медиумите и ексертски толкувања, одмкои сепак може да се види дека европските искуства имаат некој процент на толерамција, повеќе насочен кој прецизноста на уредите. Ова прашање останува отворено, дали се размислува за доуточнување на системот во овој дел?

ТОШКОВСКИ: Во тест фазата намерно не се применува толеранција, затоа што мора да ја потврдиме техничката прецизност и стабилност на системот. Толеранциите ќе бидат уредени при почетокот на редовната примена, согласно европските стандарди и технички насоки и секако во интерес на граѓаните. Но да ја задржиме суштината, генералната цел на овој проект не е казнување на минимални надминувања, туку на казнување на оние поведенија во сообраќајот, кои се директна причина за тешки несреќи и загубени животи. Македонија предолго живее со бројки на жртви кои се значително над европските просеци и ако системот помогне да спасиме барем еден живот повеќе, тоа ќе значи дека сме на добар пат.

Целото интервју прочитајте го на линкот долу.

Exit mobile version