Кирацовски: Апасиев е молотовиот коктел што 40 илјади граѓани го фрлија врз Парламентот, за да не опаметат

 

Александар Кирацовски, поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, по подолго време се огласи на социјалните мрежи со коментар дека влијанието на Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев ќе опадне откако, како што вели тој, новата власт ќе започне со спроведување на правдата. Според него, Апасиев станал популарен особено кај младите, затоа што не се исполниле нивните очекувања за санкционирање на криминалот.

„Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него.Но, тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас…Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлија врз македонскиот Парламент, за да не опаметат!Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме “шишето, бензинот и крпчето!Нивна беше само искрата која го разгори поривот за фер општество!Првиот момент кога ќе обезбедиме правда, во што сум убеден, кога криминалците (особено од претходната власт) ќе одговараат, а корупцијата ќе биде сведена на нула, ќе исчезни и потребата од овој тип политичари!“, посочи Кирацовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега