Ким Кардашијан со жешка фотогалерија: „Ова се 40-ти“

Ким Кардашијан пред неколку дена го прослави својот 40-ти роденден, а денеска реши уште еднаш да ја покаже заоблената фигура и да се пофали како изгледа во бикини.

Таа за помалку од два часа собра повеќе од три милиони лајкови.

Имено, најпознатата реалити sвезда на светот објави фотографии во беж минијатурно бикини и по тој повод ги истакна сите волшебни облини – бујни, подигнати гради, многу тесен струк и огромен задник – со кои се прослави.

Ким се фотографираше во стилот на деведесеттите со шал околу главата и ретро очила за сонце. Сè се случило во ексклузивно одморалиште со кристално чисто сино море, а Ким не ја откри нејзината точна локација.

– Ова се четириесеттите години – напиша таа во описот на фотографијата на која за помалку од два часа собра 3,3 милиони лајкови.

„Бројот 40 изгледа фантастично на тебе“, „Него како“, „Каков задник, леле“, „Убава жена во убави години“, беа само дел од коментарите под објавата.

 
 
 
View this post on Instagram

This is 40!

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on Oct 26, 2020 at 7:39am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега