Киднапирале маж во Белград, го врзале, го мачеле, тој се обидел да побегне и паднал од 27 кат

Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага против четворица осомничени за незаконско лишување од слобода на Б.Б. од 25 до 26 јули 2024 година, што го извршијилена брутален начин, поради што Б.Б истиот ден починал, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата се сомнева дека четворицата киднапери го малтретирале белграѓанецот прво во викендица на Фрушка гора, а потоа во стан на Коњарник во Белград, каде што го врзале за радијатор и го тепале со раце и нозе по главата и телото. Во еден момент мажот успеал да се ослободи, а потоа преку терасата се обидел да побегне од станот на 27 кат, а при бегството паднал на бетонот пред зградата и починал на лице место.

„Постои основано сомнение дека осомничените од 25 до 26 јули 2024 година заеднички го задржале и ја ограничиле слободата на движење на повредениот Б.Б., кој бил претепан и малтретиран прво во викендица на Фрушка гора, а потоа и во стан во Коњарник, каде што го држеле врзан за радијаторот и го тепале со раце и нозе во пределот на главата и телото, а сето тоа поради долговите што им ги имал Б.Б.

Во еден момент Б.Б., успеал да се ослободи, потоа се обидел да побегне од станот, а во таа прилика од терасата на станот, која е на 27 кат од зградата, паднал на бетонска површина и починал на лице место.

После тоа, осомничените еден по еден го напуштале станот, собирајќи го ѓубрето, отпушоците и пластични врвки кои ги користеле при противправното лишување од слобода на жртвата.

Во врска со смртта на Б.Б., постои сомневање дека осомничените постапиле несовесно, односно биле свесни дека може да дојде до смрт на жртвата како последица на нивните дејствија, но лесно сфатиле дека тоа нема да се случи“, објави полицијата, според тамошните медиуми.

Еден од осомничените е уапсен, додека другите тројца се во бегство.

29.07.2024 - 21:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега