Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ повторно одби амандман на СДСМ, жителите на Брвеница останаа без клучка на автопатот

 


Амандманот предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат средства за изградба на клучка од излезот на општина Брвеница на автопатот Мајка Тереза кон Скопје, беше одбиен од заменик министерот за финансии на собраниската комисија за финансирање на буџет.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот рече дека изградбата на оваа клучка ќе ја олесни мобилноста на населението на општина Брвеница, не само на оваа општина, туку и на технолошката-индустриска развојна зона во Тетово.

- Со изградбата на клучката кон автопатот Мајка Тереза ќе се овозможат услови за вистински регионален и економски развој на цел тој регион во општините, не само Брвеница, туку и Желино, Тетово и околните села, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.


И овој амандман предложен од СДСМ, беше одбиен од министерот за финансии.

27.11.2024 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега