Кичевец од туѓа електронска пошта склучил договор и подигнал кредит

Кичевската полиција поднесе кривична пријава против 48-годишниот А.К. од Кичево, поради сомнение дека сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци.

Како што информираат од МВР, тој искористил електронска пошта, сопственост на друго лице и во негово име, без да го запознае и да добие одобрение, склучил договор со правен субјект за подигнување парични средства во вид на кредит.

Откако кредитот бил одобрен, од трансакциска сметка, сопственост на оштетеното лице, кичевецот ги подигнал одобрените парични средства и ги искористил за лични потреби

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа