Close Menu
    Најново

    Кичевчани се уште се во спортската сала: Не можат да се вратат во домовите по обилните дождови

    12.01.2026 во 13:43

    Избран трет мобилен оператор: Oне Македонија Телекомуникации на унгарски Фор-ај-џи е најповолен понудувач

    12.01.2026 во 13:40

    Анима Мунди: Најдовме кучиња од Албанија во Скопје – нелегално се транспортираат и напуштаат животните

    12.01.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Кичевчани се уште се во спортската сала: Не можат да се вратат во домовите по обилните дождови
    • Избран трет мобилен оператор: Oне Македонија Телекомуникации на унгарски Фор-ај-џи е најповолен понудувач
    • Анима Мунди: Најдовме кучиња од Албанија во Скопје – нелегално се транспортираат и напуштаат животните
    • Гаши: Координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител за да најдеме решение
    • Му пратиле пакет со 220 таблети за во затвор: Полицијата го фатила на дело – останал без своите уреди
    • Две лица упаднале на бензиска – барале пари од вработениот, ама грабежот бил неуспешен
    • Се запали куќа во скопски Центар
    • Гаши против Пржинска влада
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Кичевчани се уште се во спортската сала: Не можат да се вратат во домовите по обилните дождови

    Кичевчани се уште се во спортската сала: Не можат да се вратат во домовите по обилните дождови

    12.01.2026 во 13:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По обилните врнежи на територијата на Република Северна Македонија, состојбата во најголем дел од државата е стабилизирана, а водостоите на реките се во опаѓање.

    Во Пелагонискиот регион, во Битола состојбата е нормализирана, а екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на санација на оштетени патишта. Во Општина Демир Хисар водата е повлечена во речните корита, но останати се заезерени земјоделски површини во неколку села. Локалниот пат кон с. Мренога е затворен поради оштетен мост, за кој ќе следи стручна проценка и санација. Во Крушево и Ресен состојбата е стабилна, без опасност од излевање на реките.

    Во Југозападниот регион, во Охрид нема поплавени објекти и водостоите се намалени, со повремени мали одрони кои се расчистуваат. Во Струга евидентирани се поплавени дворови и земјоделски површини во селата Мислешево и Калишта, при што водата постепено се повлекува. Во Дебар и Центар Жупа состојбата е редовна, со појава на одрони кои се чистат.

    Во Западниот регион, во Кичево состојбата е стабилна, водостоите на реките се намалуваат, а во тек е расчистување на последиците од поплавите со ангажман на комунални служби, АРМ и локалното население. Евакуираните лица сè уште се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“.

    Во Вардарскиот регион, во ридско-планинските подрачја на Општина Кавадарци се интервенира поради снежна покривка, при што сите патни правци се проодни.

    Во Североисточниот регион, нема излевање на реките, а сите главни и локални патишта се проодни и редовно се чистат. На регионалниот пат П’клиште – Герман се работи на дополнително расчистување во зимски услови.

    Во Полошкиот регион, сите патни правци во Тетово и Гостивар се проодни, снабдувањето со електрична енергија е редовно и нема нарушувања.

    Во Југоисточниот и Источниот регион, нема пријави за штети, излевање на реки или непроодни патишта. На одредени патни правци има појава на ситни одрони кои континуирано се расчистуваат, а сообраќајот се одвива без поголеми застои.

    Популарно

    Македонија мрзне: Утрово измерени -16 степени

    12.01.2026 во 09:37

    Ригорозниот закон за пушење објавен на ЕНЕР – јавноста може да критикува и да пофали

    12.01.2026 во 09:01

    Ова се победниците на вчерашните повторени избори во четири општини

    12.01.2026 во 09:05

    Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат јајцата

    12.01.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.