Кичевчанец пронашол неексплодирани гранати во неговиот дом

Вчера во 19:00 часот во Полициската станица Кичево, И.Б.(43) од Кичево пријавил дека, додека изведувал градежни работи во неговата куќа во село Горно Раштани, пронашол две неексплодирани гранати, информира МВР.

 

При увид, извршен од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било утврдено дека станува збор за рачни гранати од италијанско потекло од Втората светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега