Кедев: Граѓаните на 15 јули имаат две можности: Да одберат конфузија во здравството или да гласаат за обнова на Македонија

 

Докторот Сашко Кедев преку видео порака вели дека на 15 јули граѓаните имаат две можности, да поддржат целосна конфузија во здравството и нестручни економски политики, или да гласаат за обнова на Македонија, спроведена од докажани стручни, компетентни и професионални кадри.

 -Имајќи ја во предвид непредвидливата иднина од здравствен и од економски аспект со која што ќе се соочиме во претстојните месец, а можеби и подолго, на 15 јули граѓаните ќе имаат воглавно две можности.

Да ја поддржат сегашната тотална конфузија во здравството, несоодветните и нестручни економски политики и се разбира неодржливата презадолженост на државата.

Или да гласаат за обнова на Македонија. Обнова спроведена од докажани стручни, компетентни и професионални кадри, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега