Казни за над 100 пијани возачи за еден ден
Во текот на вчерашниот ден, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 119 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
03.07.2021 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа