Вчера во 23:50 часот на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода М.Д.(21) од Кавадарци и Љ.С.(23) од Росоман.
При контрола во патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое бил и Љ.С., полициските службеници констатирале дека М.Д. го управувал возилото за време на активна забрана и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта. Додека, при преглед во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Тие биле приведени во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Скопје ќе добие нов Луна парк до крајот на 2027: За еден месец почнува поставувањето на реквизитите
- ОЈО Тетово отвори истрага за 20-годишен сајбер криминалец: Нудел услуги за измами, продавал украдени податоци и поседувал детска порнографија
- Хаос на патиштата низ Македонија: Деца зад волан, пијани возачи и странски државјанин завршија во полициска станица
- Полицијата тресе низ Скопје и регионот – приведени 11 лица
- Измерени 4 степени попладнево во Македонија – УХМР соопшти каде е најстудено во 14 часот
- Царинската управа во соработка со експерти од Хрватска подготвува нови подзаконски акти за модернизација и ЕУ-интеграција
- „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме и претепа“ – загрижена тетовчанка го пријавила сопругот во полиција
- Се напил, па кршел се по дома – полицијата приведе агресивен велешанец


