Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираше од МВР.
„Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 23-годишната А.Џ., Е.З.(26), Б.Д.(51) и 16-годишник, сите од Скопје и 14-годишник од с.Добрино, скопско. Под дејство на алкохол патничко возило управувале М.С.(42) од с.Уларци, Општина Чешиново – Облешево и Д.Е.(64) од Неготино, кој предизвикал и сообраќајна незгода со материјална штета. Со активна мерка забрана за управување, возеле: А.С.(36) од Битола, Р.Р.(26) од кичевско и М.Д.(21) од Кавадарци, кој бил и под дејство на алкохол. Додека пак, М.Н. (34) од Црна Гора управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, стои во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


