Вчера во 18:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.С.(63) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и скршил предмет.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version