Касами: Тачи е почеток на крајот на Фронтот на ДУИ

 

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, воедно и актуелен градоначалник на Тетово во вчерашната емисијата Клик Плус на ТВ21 рече „не може да спроведеме „ветинг“ со корумпирани судии и обвинители“.

Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот Фронт, Касами рече дека тоа е почеток на распадот на тој фронт.

-Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот, рече Касами.

Касами додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени со внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД ќе дадат јасен план за интеграциите, што сега за сега тој не го гледа.

Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ.
Тој вели на ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси.

-На ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси како што пропагираат, затоа што со ова судство со поддршка од 2% кое е контролирано од ДУИ тие процеси така и ќе завршат. Не може да спроведеме „ветинг“ со корумпирани судии и обвинители, рече Касами.

Според Касами, ДУИ за работите кои ги тангираат Албанците донесе некои закони на погрешен начин кои сега се контестираат од Уставниот Суд, како што е употребата на албанскиот јазик во институциите и „балансерот“.

Тој рече дека со нов и правилен закон ќе ги средат и правичната застапеност и употребата на албанскиот јазик.

 

08.10.2024 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа