Касами добил порака со заканувачка содржина - полицијата веднаш реагирала
Вчера во 11.30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело ,,загрозување на сигурност“ пријавено околу 10.30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово, кој пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
18.10.2024 - 16:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа