Close Menu
    Најново

    Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

    02.10.2025 во 20:03

    Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

    02.10.2025 во 19:51

    Нови демонстрации низ цела Франција на повик на синдикатите

    02.10.2025 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна
    • Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал
    • Нови демонстрации низ цела Франција на повик на синдикатите
    • Мицкоски: 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот
    • Силен земјотрес ја погоди Турција
    • Мицкоски: СДСМ е непроменет
    • Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
    • Димитровски од МАСИТ: Дигиталниот пазар на ЕУ за нас не е само можност туку и крајна дестинација
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

    Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

    30.09.2025 во 11:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака,  време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство.

    „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните.

    Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето.

    „Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред, а не назад,“ порача Каранфилова-Пановска.

    Во својот говор, остро се осврна на состојбата во општината под актуелното водство на Максим Димитриевски.

    „Максим Димитриевски го претвори Куманово во касаба. Наместо развој,  запуштени улици, нефункционални услуги, пропуштени можности. Ветувања имаше многу, резултати, нула. Сликите за социјални мрежи не можат да ја сокријат реалната слика на застој и разочараност,“ нагласи таа.

    Заменик претседателката се обрати и до разочараните членови на ЗНАМ:

    „Драги Знамовци, вие не го изневеривте СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас – вратете се дома!“

    Каранфилова-Пановска упати критики и до централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека нивното владеење е синоним за неспособност, корупција и назадување.

    „Помина третина од нивниот мандат , и што добивме? 8 милијарди евра долг, поделби, блокади, младите си заминуваат, пензионерите едвај врзуваат крај со крај. Наместо решенија, кризи. Наместо развој , расипништво,“ рече Каранфилова-Пановска.  

    На крајот од своето обраќање, таа упати јасен повик: „Затоа, гласаме за број 5,  гласаме за СДСМ, гласаме за Мартин Костовски. Куманово заслужува многу повеќе и Куманово ќе добие повеќе со победата на Мартин. Се бориме за нашиот дом, се бориме за Куманово!“

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    Хорор: Му се расипал автомобилот, па повикал шлеп-служба, додека чекал се појавил мистериозен човек поради кој завршил во болница

    02.10.2025 во 10:14

    УХМР со предупредување: Портокалова фаза во Македонија – од утре многу дожд и снег

    01.10.2025 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.